еМагазин
Image default
Македонија

За една недела 53 деца до 9 години во Македонија заболеле со Ковид-19

Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 8 до 14 февруари покажуваат дека најмногу заболени со Ковид-19 во Македонија има кај лицата на возраст од над 60 години.

“Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи.

Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години (n=583, 26,1%).

Голем број заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30 до 39 (n=416; 18,6%), од 40 до 49 (n=408; 18,3%), од 50 до 59 (n=379; 17,0%) и од 20 до 29 години (n=276; 12,4%).

Најмал број е регистриран кај децата од 0 до 9 (n=53; 2,4%) и од 10 до 19 години (n=117; 5,2%).

По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 2.519 лица, кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 24,2% помалку во споредба со минатата недела„, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Намалување од 34,8%: За една недела 43 смртни случаи од Ковид-19 во Македонија

Зголемување од 5,3%: За една недела 2.232 нови случаи на Ковид-19 во Македонија

Во Македонија регистрирани поголем број нови варијанти на Ковид-19, можен внес од странство

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во тек е идентификацијата на жртвите, списокот на патници испратен за Скопје

Редакција

Палевски веќе има пет кривични и прекршочни, меѓу кои и за носење на оружје

Редакција

Еролд Муслиу: Не се исчезнати сите тајни за „Диво насеље“

Редакција