еМагазин
Image default
Македонија

На Љубе Бошкоски повторно ќе му се суди за предметот „Кампања“ по негово барање

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по барање на одбраната на Љубе Бошкоски претходно осуден во предметот во јавноста познат како „Кампања“, го уважи барањето за повторно судење на предметот.

– Претходно, за барањето за повторно судење, а согласно и пресудата  на Судот за човекови права во Стразбур, добиено е позитивно милење од надлежниот Јавен обвинител по што е уважено барањето, за кое странките не вложиле жалба пред Апелациониот суд и истото е веќе правосилно, се вели во соопштението од Основниот кривичен суд.

Од Судот посочуваат дека врз основа на решението на Кривичниот совет оформен е нов кривично правен предмет со К.бр. 416/21, а кога ќе биде насрочена главна расправа за судење, странките и јавноста ќе бидат навремено известени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лидерот на ВМРО -ДПМНЕ Христијан Мицкоски повикан на разговор во полициската станица Центар

Редакција

Сања Божиновска и Игор Јанушев нови членови на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

(Мапа) Во кои општини има најмногу заболен со Ковид-19 на 100 илјади жители

Редакција