еМагазин
Image default
Македонија

Министерката за култура Стефоска платила глоба, Антикорупциска го затвори предметот за неа

Градоначалниците имаат законска обврска по службена должност да контролираат што се гради и навреме да се спречи, потенцира на денешната седница Нури Бајрами, член на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), по повод предмет за бесправна градба, кој требало да се урне.

– Нема логика да се гради зграда на диво и градоначалникот тоа да не може да го спречи. Тоа е директно кривично дело што градоначалниците ги прекршуваат одредбите од Законот за градење и не преземаат мерки.

Ако во случај да следи, да спречува и можеби не успеал да стигне на време, нека објави оглас за фирма, ако не се пријавува двапати согласно Законот за јавни набавки преку договарање, а ако и тоа не може да се случи нека го извести и нека бара од Државниот градежен инспекторат, нека извести други органи.

Нема шанса тоа е изговор, бидејќи самите градоначалници кога доаѓаат на почеток се растрчуваат да спречат да не градат други, кога почнува притисок од нивни луѓе, условно речено, ќе попуштат, ќе дозволат и после нема да постапуваат. Тврдам морално и под одговорност дека е така. Има исклучоци, рече меѓу другото Бајрами.

Тој праша зошто градоначалниците држат толку вработени, а немаат инспектори кои секој ден ќе следат и навреме ќе направат записници за да не се гради. Според него, се дозволува да се гради зграда на четири или пет ката, па потоа не може да ја урнат.

Според Шемши Салаи, член на ДКСК, праксата во локалната самоуправа покажува дека поголемиот проблем е во руралните општини, но постапката треба да се изврши заради тоа што треба да спречи незаконското градење.

ДКСК ќе поведе прекршочна постапка за одговорното лице во Јавна Здравствена институција откако подолго време, по два обида, односно барања, не доставиле потребна документација во врска со злоупотреба и искористување на дискреционото право на директорот во постапки за вработување медицински лица. ДКСК повторно ќе достави барање за да биде доставена потребната документација.

Како што појасни Катица Николовска, член на Комисијата, имале препреки односно од Здравствена институција не ги доставувале потребните документи.

Според Софка Пејовска Дојчиновска, член на ДКСК, иако имало уредба од Владата за подигање на одговорноста на носители на функции, односно на раководната структура, во конкретната ситуација, како што рече, раководните лица до кои се обратиле, можеби претпоставуваат дека доколку не достават документација ќе нема што да се прави и ќе се затвори предметот.

– Останува впечатокот дека одреден број, многу од раководните лица, навреме, исцрпно доставуваат податоци, но овие се можеби мал процент, но и тие треба да бидат на ниво на одговорна задача и навремено да одговараат, односно да ги даваат потребните податоци, затоа што на крајот на краиштата не давањето одговори отвора сомнежи дека таму нешто можеби навистина се случува, изјави Пејовска Дојчиновска на седницата.

ДКСК откако ги проверило сите наоди во коресподенција и со внатрешната контрола во Министерството за култура констатира дека не се потврдуваат наводите од пријава за можна злоупотреба на службената положба во Национална установа од областа на културата во Охрид за нетранспарентна постапка, прекршени процедури и согласно Законот за јавни набавки за давање на користење простор за ставање фрижидер за сладолед во 2019 година.

Државната комисија за спречување на корупција на денешната седница го затвори предметот за министерката за култура Ирена Стефоска во однос на проверка на податоците за новоизбрани и именувани лица, односно за новите министри, кои имаа обврска во рок од 30 дена од именувањето да достават анкетен лист.

Министерката Стефоска ја платила глобата, по што ДКСК го затвори предметот.

МИА/ Фото: Фејсбук/Стефоска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија до Русија за донацијата на тенковите: Од почеток сме на страната на Украина и ја осудивме руската интервенција

Редакција

Владата ја разреши ревизорката за ИПА-фондовите, Афрона Верзиволи

Редакција

Кои се членовите на Комисијата за заразни болести

Редакција