еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонија до Русија за донацијата на тенковите: Од почеток сме на страната на Украина и ја осудивме руската интервенција

Македонија е суверена држава која одлуките ги носи самостојно водејќи се од принципите на почитување на меѓународното право, Повелбата на ООН, принципите и заложбите на ОБСЕ за заштита на европската безбедносна архитектура и глобалната стабилност, се вели во заедничкото соопштение на Министерство за одбрана и Министерството за надворешни работи на изјавата на портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, дека донацијата на тенкови за Украина е голема грешка.

„С Македонија уште од самиот почеток ја осуди воената интервенција во Украина и застана во поддршка на територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина, а пред се во поддршка на мирот, човековите права и меѓународниот поредок заснован на правила.

Имено, досега, Владата донесе неколку Одлуки за воено – техничка помош со кои и помагаме на Украина во одбрана на својот територијален интегритет кој е загрозен од воената интервенција.

С Македонија како членка на најмоќниот воено – политички сојуз – НАТО Алијансата, одлучно стои зад позицијата и решителноста на Алијансата да биде гарант на мирот и безбедноста на своите земји – членки и да ги штити вредностите, слободата и безбедноста на сегашните и идните генерации,“ се додава во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Москва: Донацијата на тенкови од Скопје за Киев е голема грешка

Фото: АРМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пописот заврши успешно, тврди директорот на ДЗС, резултатите до крајот на март

Редакција

Гори кај селата Раовиќ и Буковиќ, пожари со намален интензитет кај Крушје и Топлица

Редакција

(ВИДЕО) „Македонија блокира“ времено го блокираше граничниот премин Богородица

Редакција