еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Директорот на охридската болница тврди дека лицето кое се вакцинирало било активно вклучено во справување со Ковид-19

Директорот на Општата болница во Охрид, Горан Балевски признава дека имало пропуст во списокот лица вакцинирани против Ковид-19, но сепак смета оти се работи за изолиран случај, конкретно за лице активно вклучено во секојдневните активности за спречување на ширењето на заразата.

Тој не ја апстрахира својата одговорност по однос пропустот што неговиот потпис стои на списокот лица за вакцинација, но истовремено рече дека се работи за список на кој има повеќе од сто лица.

Балевски во изјавата за МИА рече дека од Министерството за здравство им било дадено овластување сами да ги прават списоците за вакцинација, здравствените работници сами да се пријавуваат за вакцинирање, со нагласок дека сепак приоритет има медицинскиот персонал.

– Овде не се работи за лице од медицинската служба, станува збор за организациски секретар во болницата, но лице што е активно вклучено во сите активности поврзани и со епидемијата.

Ние имаме служби што не се медицински во болницата, а во овие услови се исклучително потребни за секојдневното работење на установата, некои технички служби се дури и неопходни за нормално функционирање на болницата во вакви ненормални  услови, вели Балевски.

Тој уште појасни дека лицето се пријавило за вакцинирање откако од списокот првопријавени испаднале неколку здравствени работници кај кои имало регистрирани антитела односно биле позитивни на Ковид-19.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Секретар во охридската болница се вакцинирал против Ковид-19, Филипче вели тоа е злоупотреба и најави казни

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Аутомакедонија“ го доби тендерот на МАПАС за набавка на две лимузини

Редакција

Ќе се казнува и дискриминација врз основа на сексуална ориентација: Законот изгласан во Собрание

Редакција

(Фото) Државниот врв традиционално на именден кај г.г Стефан

Редакција