еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Секретар во охридската болница се вакцинирал против Ковид-19, Филипче вели тоа е злоупотреба и најави казни

Медиумите вчера јавија дека секретарот во охридската болница, Антонио Наумоски се вакцинирал против Ковбид-19, што е спротивно на планот за вакцинација, односно дека први треба да се вакцинираат здравствените работници.

Министерот за здравство Венко Филипче, најави санкции и ја осудува злоупотребата и прекршувањето на приориртетите за вакцинирање согласно Националниот план за вакцинација.

„Ниту едно лице кое не се наоѓа во групата која во моментов има приоритет за вакцинирање, а тоа се само здравствените работници кои работат во Ковид центрите и со ковид пациенти не смее да се вакцинира.

Листите за вакцинација беа доставени од страна на директорите на секоја здравствена институција и истите уште утре веднаш ќе бидат ревидирани, а оние кои направиле злоупотреби ќе бидат соодветно санкционирани,“ вели Филипче.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во ДКСК отворен тренинг центар за јакнење на свеста и знаењето во борбата против корупцијата

Редакција

Рестораните луксуз: Угостителските услуги во јануари поскапи за 6,3%

Редакција

Поради зголемен обем на работа: УЈП вработува десет лица, плата до 28.568 денари

Редакција