еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Британскиот сој на вирус „хара“ низ државата, повеќе од половината заразени се со овој тип, а се зголемува и бројот на хоспитализирани

Британскиот сој на вирусот веќе „хара“ низ државата, а во изминативе денови забележано е зголемување на бројот на хоспитализирани пациенти во Кавадарци, но и во Прилеп и Охрид.

„Евидентно е зголемување на бројот на заразени со корнавирус во изминатиот период и тоа онаму каде што е детектирана новата британска мутација.

Зголемувањето е за 20 до 50 отсто, за последните два дена, а како причина се одредеи настани и прослави“, оцени министерот за здравство Венко Филипче, кој додаде дека заразените се на различна возрасна група.

Професорот Дејан Трајковски, кој најчесто прави анализи на бројот на заболени, хоспитализирани и починати, земајќи ја предвид изјавата на министерот вели дека не е јасно учеството на британскиот сој на вирусот со 50 приценти, дали е во Охрид, Прилеп и Кавадарци или на ниво на целата држава.

„Ако се однесува на целата држава, при сооднос 50%:50% би значело дека новиот вирус веќе станува доминантен. Тоа би значело дека се движиме по најбрзото, односно најлошото сценарио за датумот на изедначување, кои ги видовме во пресметките на почетокот на месецот.

Многу поорганизирани европски земји минуваат низ новиот бран, а ние за жал ја испуштивме можноста да учиме од туѓите грешки (како секој лош ученик), па сега мораме и самите да поминеме низ истото. Некои земји и народи едноставно се непоправливи,“ вели Трајковски.

Фото: Photo by CDC on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Следи ново вето за Македонија, ЕУ била „фрустрирана“ поради бугарската блокада која ја кочи и Албанија

Редакција

Ердоган даде амин за влез на Шведска и Финска во НАТО

Редакција

Зошто Кипар се заканува со вето за старт на преговорите на Македонија и Албанија со ЕУ?

Редакција