еМагазин
Image default
Македонија

Пратениците на ЛДП, Моника Зајкова и Боби Мојсоски ќе делуваат самостојно во Собранието

Либерално-демократската партија донела одлука за самостојно делување на своите пратеници Моника Зајкова и Боби Мојсоски на седница на Централниот одбор на партијата уште од месец август 2020 година, но се уште не е реализирана од објективни причини.

„Како партија донесовме одлука уште пред седум месеци за самостојно делување во македонскиот Парламент заради подобро претставување на либералните вредности и поголем простор на делување од страна на нашите пратеници.

Тоа за нас претставува демократски потег и не е поврзано со дневно политички теми. Оставивме доволно простор за имплементација на оваа одлука. ЛДП како и нејзините пратеници и понатаму ќе продолжат да ја поддржуваат Владата а тоа ќе се потврди и со гласањето на доверба на министрите Љупчо Николовски и Бојан Маричиќ,“ велат од Либерално-демократската партија.

Од партијата додаваат дека во следниот период одлуката ќе се реализира и ќе делуваат како и останатите либерали во парламентите низ Европа.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судење за „Рекет“: Боки 13 земал пари од Марина Туцаковиќ, Русковска го праша дали тој е „ороспија“

Редакција

Ќе победите, како што ние со УЧК победивме во Македонија: Ахмети ги бодри Украинците

Редакција

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 422 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Редакција