еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ќе победите, како што ние со УЧК победивме во Македонија: Ахмети ги бодри Украинците

На партиски собир во Шипковица, лидерот на владејачката ДУИ, Али Ахети во својот говор меѓудругото се пофалил дека на украинска делегација со која разговарал ѝ дал совет Украинците никогаш да не се предаваат, како што не се предала УЧК во 2001 година во воениот конфликт во Македонија, пренесоа медиумите на албански јазик.

– Се сретнав со една делегација од Украина и им реков: ‘Вие ќе ја добиете оваа војна. Бидете силни и не предавајте се никогаш, така победивме и ние, бидејќи ние не се предадовме никогаш!’, изјавил Ахмети, пренесе телевизијата „Шења“.

Досега на оваа скандалозна изјава на Ахмети регираше само Стојанче Ангелов, лидер на „Достоинство“, поранешен генерал – мајор на специјалните единици на македонската полиција и актуелен директор на Центарот за управување со кризи.

“Синоќа лидерот на ДУИ, Али Ахмети на партиски собир во Шипковица меѓу другото кажал дека се сретнал со делегација од Украина при што им рекол: “Вие ќе ја добиете оваа војна. Бидете силни и не предавајте се никогаш, така победивме и ние, бидејќи ние не се предадовме никогаш!“.

Ваквата изјава на Ахмети е некоректна, неполитичка дури би ја нарекол и безобразна, затоа што, да се споредува нападот на Русија врз Украина со одбраната на Македонија во 2001-та е неточно и невкусно, бидејки се работи за два сосем различни воени конфликти.

Во 2001 година Република Македонија и нејзините вооружени сили беа нападнати од УЧК. Со комуникето број 4 УЧК побара од “Славомакедонците” да ги напуштат вековните албански огништа.

Но ние, припадниците на македонските безбедносни сили, војувавме насекаде каде што имавме наредба да војуваме, победивме секаде каде што имавме наредба да војуваме, ја одбранивме нашата татковина Македонија и не дозволивме да биде отцепена ниту педа македонска земја.

Откако од УЧК увидоа дека никако не можат да се спротистават на македонските безбедносни сили, ја сменија стратегијата, а со тоа и реториката и наместо борба за ослободување на вековните албански огништа почнаа да зборуваат за борба за човекови права. На тој начин, преку ноќ, од убијци и разбојници како што ги нарекуваше тогашниот генерален секретар на НАТО, Џорџ Робертсон, станаа борци за човекови права.

Сакам да верувам дека изјавата на Ахмети е кажана наменски, како дел од политичкиот говор за подгревање на националната атмосфера на собирот во Речица, но апелирам до сите политичари, посебно до највлијателните, да бидат исклучително внимателни и да престанат да користат ваква распалувачка реторика.

Бидејки, само неколку погрешни реченици може да предизвикаат значаен чекор назад кон влошување на меѓуетничките односи, нарушувајќи го процесот на помирување на кој макотрпно работиме години наназад“, напиша тој на Фејсбук.

Фото: Ахмети/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжи судењето за „Титаник“, за незаконско финасирање на ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

На 11 мај продолжува судењето за „Двојник“

Редакција

МОСТ: Граѓаните да ги проверат податоците во Избирачкиот список

Редакција