еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ќе има ли амнестија на осудените за настаните од 27 април, до Собранието испратен предлог-закон

Предлог закон за амнестија за настаните од 27 април во Собранието денеска како препорачана пратка е испратен до пратениците, информира за МИА адвокатот Јанаки Митровски.

Пратениците законот ќе го добијат најверојатно в понеделик, а адвокатите кои го подготвија најавуваат средби со сите пратенички групи со цел да лобираат и да се обидат да добијат поддршка за него.

Митровски објаснува дека со предложениот текст се предвидува амнестија за настаните што се случија на 27 април 2017 година и тоа се предлага целосна амнестија за лица осудени на затворски казни до 10 години и половични односно намалување на половина за лица осудени над десет години.

Само две лица се осудени под 10 години и тоа Александар Василевски – Нинџа и Абдуљфета Алими, додека сите останати се осудени на поголеми затворски казни.

Адвокатот Митровски во изјавата за МИА посочува дека тој и неговите колеги од понеделник планираат да се сретнат со сите пратенички групи во Собранието и да побараат поддршка за законот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

22 починати лица од Ковид-19, 21 имале коморбидитети

Редакција

„Телесмарт Телеком“ го доби тендерот на Агенцијата за вработување за телекомуникациски услуги „тежок“ 374.000 евра

Редакција

Кои судски предмети застаруваат со измените на Кривичниот законик

Редакција