еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

22 починати лица од Ковид-19, 21 имале коморбидитети

Министерство за здравство информира дека во текот на изминатите 24 часа се регистрирани 11 починати лица од Ковид-19: 4 починати лица од Скопје (72г, 78г, 79г и 80г), 3 починати лица од Штип (77г, 84г и 90г) и по едно починато лице од Битола (69г), Куманово (52г), Кочани (70г) и Струга (83г).

Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 11 починати лица од: Скопје (3), Штип (2), Битола (1), Велес (1), Богданци (1), Демир Хисар (1), Крива Паланка(1) и Охрид (1).

Починатите лица се на возраст од 64г. до 87г. Лицата за починати се пријавени во период од 10.02. до 19.02.2022. Од починатите лица, 5 се починати во домашни услови, а 6 лица во болнички услови.

Од вкупниот број на починати лица, кај 21 лице се регистрирани коморбидитети.

Вкупната бројка на починати е 8.937.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

116 се реинфекции: 848 нови случаи на Ковид-19 од 3.506 тестови

Убава вест: Оздравени 1.369 болни од Ковид-19

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 починале 16 лица, дополнително пријавени уште девет

Редакција

Поддршка на Мицкоски му даде и Владимир Ѓорчев

Редакција

Американскиот секретар за одбрана, Матис: Русија финансира проруски групи заради поткопување на референдумот во Македонија

Редакција