еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Од Ковид-19 починале 16 лица, дополнително пријавени уште девет

Министерство за здравство информира дека во текот на изминатите 24 часа се регистрирани 16 починати лица од Ковид-19: 6 починати лица од Скопје (61г, 72г, 73г, 75г , 79г и 88г), и по едно починато лице од Битола (69г), Велес (68г) Делчево (71г), Демир Хисар (80г), Крива Паланка (85г), Неготино (65г), Радовиш (78г), Струга (64г), Струмица (65г) и Тетово (83г).

Од пријавените лица, 15 се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 9 починати лица од: Скопје (2), Охрид (2), Богданци (2), Свети Николе (1), Делчево (1) и Кочани (1). Починатите се на возраст од 47г до 92г.

Од пријавените лица пет лица се починати во болнички услови и четири лица се починати во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 23.01.2021 – 05.02.2022г.

Од вкупниот број на починати лица (n=25), 7 лица се целосно вакцинирани, а кај 23 лица се регистрирани коморбидитети.

Вкупната бројка на починати е 8.624.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови 1.722 случаи на Ковид-19 од 4.939 тестови, 250 се реинфекции

Убава вест: Оздравени 1.942 болни од Ковид-19

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче го испратил предлог-документот до грчкиот колега со кој ќе се регулира начинот на патување помеѓу двете држави

Редакција

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци се оградува од изјавата на Јанчев за уставните измени

Редакција

Која е судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ која донесе условна казна за обвинетиот за сообраќајката пред „Млечен“

Редакција