еМагазин
Image default
Македонија

Заев треба да сведочи за „Титаник“

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за изборни нерегуларности „Титаник“.

На претходното рочиште беше најавено дека денеска ќе бидат сослушани повеќе сведоци, меѓу кои и премиерот Зоран Заев.

Освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пиштолот со кој се пукаше кај „Скендербег“, не бил огнено оружје, велат од Обвинителство

Редакција

Детален преглед на активни пожари низ Македонија

Редакција

Полицискиот час не го почитувале 28 лица, а 369 не носеле маска

Редакција