еМагазин
Image default
Локално

Затворен угостителски објект во тетовско, приведен сопственикот и три странски државјанки

Ноќеска (22 февруари) околу 00.40 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода А.А.(30) од тетовско Боговиње, чиј угостителски објект во с.Жеровјане работел по дозволеното време и во него престојувале 13 гости и шест(6) странски државјанки.

„А.А. бил задржан во Полициската станица Тетово и по документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, согласно член 206 од Кривичниот законик.

Во угостителскиот објект, исто така, приведени се и три странски државјанки, од кои две од Русија и една од Република Албанија, поради сомнение дека го злоупотребиле туристичкиот престој, односно дека престојувале спротивно на целта.

И тие се задржани во Полициската станица Тетово за натамошна постапка и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци,“ информираат од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Како ќе изгледаат трите нови летни сцени во Градскиот парк во Скопје

Редакција

За новогодишната ноќ казнети 65 возачи во Скопје

Редакција

Три дежурни билетарници на ЈСП „Скопје“ за празниците

Редакција