еМагазин
Бизнис

Биткоинот во слободен пад, намалување од 17 проценти за еден ден

Цената на биткоинот падна денеска за 17 проценти, што предизвика распродажба на пазарите со крипто валути.

Најголемата криптовалута во светот претрпе најсилен дневен пад во последниот месец, паѓајќи на 45.000 долари.

Со тоа падот на оваа дигитална валута се зголеми на речиси една петтина во споредба со рекордното ниво од 58.354 американски долари забележано во неделата, иако цената на биткоинот, сепак, е околу 60 проценти повисока отколку на почетокот на 2021 година.

Етер, втората по големина крипто валута во светот според пазарната капитализација, која често се движи како и биткоинот, исто така падна за повеќе од 17 проценти, на 1.461 долари, речиси 30 проценти помалку од минатонеделното највисоко ниво.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Биткоинот првпат достигна вредност од 50.000 американски долари

Што треба да знаете за криптовалутите: Кои се разликите помеѓу нив и парите?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Раст на депозитите и кај фирмите и кај домаќинствата

Редакција

(Видео) Новата Skoda Octavia RS го одзема здивот

Редакција

АЕК вработува 11 службеници, плата до 80 илјади денари

Редакција