еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

„Врие“ од обиди за влез во земјава со лажни ПЦР тестови преку скопскиот аеродром

Се зголемуваат бројот на обиди за влез во земјава со лажни негативни ПЦР тестови за Ковид-19.

Само во изминативе неколку дена безбедносните служби на скопскиот аеродром открија десетина случаи во кои домашни и странски државјани приложуваат лажни тестови, а некои од нив веќе потврдиле дека се купени на црниот пазар за триесет евра.

МВР денеска соопшти дека на граничниот премин „Меѓународен aеродром“-Скопје, при проверка на Р.Б.(21) од Казахстан било констатирано дека на увид приложила фалсификуван негативен ПЦР тест.

Таа била приведена и задржана за понатамошна постапка.

Истиот ден, во 15.00 часот на граничниот премин „Меѓународен aеродром“- Скопје, при проверка на Р.Б.(36) и Л.Б.(34), двајцата од Боговиње, тетовско, било констатирано дека на увид приложиле фалсификувани негативни ПЦР тестови.

Тие биле приведени и задржани за понатамошна постапка.

Вчера на граничниот премин „Меѓународен аеродром“-Скопје, при проверка на Е.С.(48) и А.С.(46), двајцата од Кoсово исто така било констатирано дека на увид приложиле фалсификувани негативни ПЦР тестови.

Тие биле приведени и задржани за понатамошна постапка.

Завчера во 19.20 часот на граничниот премин „Меѓународен аеродром“-Скопје, полициски службеници ги привеле С.С.(38) од Куманово, со место на живеење во Швајцарија, Е.Џ.(43) од Босна и Херцеговина, со место на живеење во Швајцарија, М.Р.(59) од Швајцарија и П.С.(45) од Швајцарија, поради постоење основи на сомнение дека приложиле лажни негативни ПЦР тестови.

„Извршен бил разговор со нив и било утврдено дека тестовите им ги набавил нивен пријател по цена од 30 евра по тест.

Лицата биле задржани за понатамошна постапка“, соопшти МВР.

Овие случаи само покажуваат дека на пазарот веќе има развиена мрежа на дилери на лажни ПЦР тестови.

Патувањето со лажни тестови лесно може да доведе до загрозување заложбите за побрзо справување со пандемијата и до зголемен ризик од повторно ширење на Ковид-19 преку границите.

Фото: ТАВ/МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Иванов во ОН: Единствена вистина е дека ние сме Македонци, а нашата држава е Република Македонија

Редакција

(Видео) На обележувањето на Водици во Скопје физички и вербално нападната новинарка на Канал 5

Редакција

Проф.Трајковски: За две недели, стелт омикронот ќе има 100% удел во новите случаи со Ковид-19

Редакција