еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Проф.Трајковски: За две недели, стелт омикронот ќе има 100% удел во новите случаи со Ковид-19

Ви ја пренесуваме новата анализа на професорот Дејан Трајковски, кој редовно на Фејсбук ја анализира состојбата со ковид во Македонија.

„23.03.2022. Во Битола растот на дневниот број на новодијагностицирани станува веќе видлив и со голо око.

Седумдневната подвижна средина (зелената линија на првиот дијаграм), после минимумот постигнат на 14.03.2022, од просечно 14,3 случаи дневно веќе порасна на 18,3 случаи дневно.

Апсолутните бројки се мали, но процентуалното зголемување не е мало, а тоа се гледа и од ефективниот репродукциски број Rt за Битола, којшто последиве 7 дена изнесува 1,20.

Полека започна да расте и бројот на активни случаи (на вториот дијаграм).

Наместо сината линија стрмо да се спушта кон нулата, како што е нормално во завршната фаза на секој бран, таа завртува нагоре, во насока на црвената стрелка.

Засега ништо сериозно, но ова може да претставува и прв знак на ново разгорување.

Со претходниот бран не слеговме под прагот на IV степен на ризик (границата е на 120 случаи на 100.000 луѓе за 14 дена), а инциденцата започна да расте и моментално изнесува 225/100.000 за 14 дена.

Добрата вест е што од вчера во битолската болница повеќе нема лежечки хоспитализирани пациенти, а со тоа и дневниот број на починати – барем извесно време – би требало да биде околу нула (на третиот дијаграм).

Инаку, на државно ниво бројките достигнаа точка на застој, односно 7-дневниот просек на дневниот број на случаи е речиси совршено хоризонтална линија (зелената линија на четвртиот дијаграм).

Ако според Битола се препознава ситуацијата во Македонија, тогаш со извесно задоцнување може да се појави раст и на државно ниво.

Меѓутоа, доколку растот не започне во наредните 10-15 дена (во овој период уделот на потсојот БА2 би требало да достигне близу 100%, а со тоа да се елимира факторот изненадување), благодарение на затоплувањето на времето и допрележувањето можеби ќе видиме и постепено намалување на преносливоста и дневните бројки.

Во овој момент, барем на државно ниво, сите индикатори на трендот се неутрални, односно не може да се изврши прогноза, освен рамен тренд, како што покажува портокаловата стрелка на четвртиот дијаграм“, пишува тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Д-р Петличковски: Во Македонија од пред неколку недели доминира стелт омикронот, кој е позаразен

Кои се најчестите симптоми на подваријанта на омикрон, „стелт“, регистрирана и во Македонија

Фото: Фејсбук/Трајковски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Како изгледа Приштина мол: Скопските молови добија конкуренција

Редакција

СЈО за шест месеци потрошило 113,5 милиони денари

Редакција

На министерски состанок за енергетика во Софија се формираше новата регионална платформа на ЕУ за набавка на гас

Редакција