еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кои се најчестите симптоми на подваријанта на омикрон, „стелт“, регистрирана и во Македонија

Кај две лица од Скопје и едно од Струмица е регистирана подваријанта на омикрон, стелт, потврдија од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кај две лица од Скопје и едно од Струмица регистирана подваријанта на омикрон, „стелт“

Што досега знаеме за стелт

Бидејќи станува збор за нова подваријанта на Ковид-19, засега е познато дека стелт е позаразен, за разлика од оргиналот- омикрон, според некои истражувања за 1,5 пати.

Според моменталните сознанија не е регистрирана значајна разлика во бројот на хоспитализации и починати како последица на болеста предизвикана од овој подвид на вирусот.

Засега, има индиции дека стелт ги напаѓа само горните дишни патишта, односно дека ретко се спушта до белите дробови.

Кои се симптомите

Според моменталните сознанија еден од најраните знаци дека можеби сте заразени со стелт омикрон е вртоглавица.

Вториот најчест симптом е заморот во комбинација со болки во мускулите.

Како други симптоми на оваа подваријанта на омикрон се сметаат и суво болно грло, кивање, потење во текот на ноќта, главоболка, насолзени очи, кашлица, температура, најчесто до 38 степени, но неретко има случаи и без неа. Можна е и дијареа, особено кај децата и младите.

Стелт многу ретко предизвикува болка во градите.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 1.511: Најмал број на заболени од корона вирусот од почетокот на епидемијата, регистрирани само петмина

Редакција

Каков имот пријавила Павлина Црвенковска, претседателката на Судскиот совет

Редакција

Ахмети и Џафери да ја кажат вистината за содржината на УСБ-то и пликото што им било дадено, повика Мицкоски

Редакција