еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ахмети и Џафери да ја кажат вистината за содржината на УСБ-то и пликото што им било дадено, повика Мицкоски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со неговата изјава во интервју за ТВ Алсат дека има докази за „дејствувањето на оската ДУИ-СДС-Груевски и оти можеби треба да им се освежи меморијата за пликоата кои ги добиле со УСБ и Ахмети и Џафери“, рече дека Џафери и Ахмети треба да ја кажат вистината за содржината на УСБ и пликото што им било дадено.

-Па еве ќе ги прашате и Талат Џафери и Али Ахмети за содржината на тоа УСБ, на тоа плико и каков документ имало во тоа плико и јас ќе ги следам внимателно нивните изјави и внимателно ќе следам дали ќе ја кажат вистината. Еве да оставиме тие да ја кажат вистината, бидејќи тиe ги добиле два од трите документи, нагласи Мицкоски при денешната посета на тетовска Брвеница.

Во врска со вчерашната средба со Гордана Јанкулоска, на новинарско прашање зошто еден ден вели дека се бори против криминалот, а веќе другиот ден се среќава сo осуден криминалец, тој кажа дека тоа е редовна средба со луѓе од партијата и од минатите и од сегашното раководство и тоа е пракса во изминатиот период.

-Јас можам да кажам дека Гордана е жртва на политички терор и тортура којашто е правена врз неа, врз нејзиното семејство, а вчера беше ден кога таа доби заслужен викенд. Бидејќи вчера почна викендот, имавме средба. Ќе ми биде чест и задоволство и следниот пат истото тоа да го направи.

Можам да кажам дека, и не само таа, туку сите оние жртви на тортура и политички реваншизам од страна на владата на СДСМ и ДУИ, се добредојдени и за сите нив се бориме подеднакво како што е случајот и со Гордана, одговори Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски тврди дека на УСБ има материјали за „оската ДУИ, СДСМ и Груевски“

МИА/Фото: Фејсбук/Мицкоски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Разлики и сличности: И двајцата имаат по две деца, Заев и Ципрас приватно

Редакција

Бензините поскапуваат за еден, а дизелот за два денари

Редакција

„Виа инжинеринг“ го доби тендерот на АД за изградба и стопанисување со станбен простор за изградба на урбана заедница во Неготино вреден 1,3 милиони евра

Редакција