еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кај две лица од Скопје и едно од Струмица регистирана подваријанта на омикрон, „стелт“

Три лица се заразени со новата подваријанта на омикрон позната како „стелт“ од кои две се од Скопје, а едно од Струмица, информираа за МИА од Министерството за здравство согласно податоците од лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при Институт за јавно здравје.

Извршено е секвенционирање на 41 позитивен примерок на SARS-CoV-2 од: Скопје – 13, Тетово – 4, Гевгелија – 4, Велес – 3,  Кочани – 3, Свети Николе – 3, Неготино -2, Кавадарци – 2, како и примерок од: Охрид, Струга, Куманово, Струмица, Гостивар, Валандово и Виница.

-Кај 35 примероци беше докажана BA.1 сублинијата на омикрон. Кај три примероци беше докажана BA.2 сублинијата на омикрон  – позната уште и како „stealth“ (два се од Скопје и еден од Струмица).

Во државава се уште циркулира и делта варијантата (B.1.617.2), докажана кај три примероци од кои двајца од Гевгелија, а еден од Велес. Кај два примерока е потврдено присуството на Influenza H3N2, посочуваат од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се најчестите симптоми на подваријанта на омикрон, „стелт“, регистрирана и во Македонија

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детали од МВР за хакерскиот напад на ДИК за време на изборите

Редакција

Ден на македонскиот јазик: Попусто го браниме од соседите кога со неписменост го уништуваме

Редакција

Нема потписи на ЛДП на списокот за ново парламентарно мнозинство, вели лидерот Милевски

Редакција