еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

СЈО за шест месеци потрошило 113,5 милиони денари

Од одобрените средства за 2018 година во периодот од 15.09.2018 година заклучно со 31.12.2018 година реализирани се средства во вкупен износ од 76.437.440 денари или 33,43%, стои во најновиот извештај за работењето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за последните шест месеци или за периодот од 15.09.2018 до 15.03.2018 година.

Вкупната реализација на одобрениот буџет за 2018 година, заклучно со 31.12.2018 година изнесува 195.321.542 денари денари или 85,43% од буџетот на СЈО.

Во 2018 година не се реализирани 14,57% од одобрениот буџет за 2018 година, односно не се потрошени средства во вкупен износ од 33.311.458 денари кои на 31.12.2018 година се повлечени во Буџетот на Република Северна Македонија, стои во извештајот.

Од одобрениот буџет за СЈО за 2019 година во вкупен износ од 228.633.000 денари, во периодот од 01.01.2018 година, заклучно со 15.03.2018 година реализирани се средства во вкупен износ од 37.161.139 денари или 16,25% од одобрениот буџет за 2019 година.

“Најголем дел од одобрените буџетски средства во периодот 15-ти септември 2018 година до 15-ти март 2019 година се реализирани со цел подмирување на превземените обврски по однос на превземени обврски по основ на доделени договори за јавни набавки, адаптација на деловни простории како дел од седиштето на ова Јавно обвинителство како и обврски по основ на трошоци за закуп имајќи предвид дека објектот во кој е сместено седиштето на ова Јавно обвинителство му е даден под закуп.

Покрај тоа, реализираните средства во овој период беа наменети за подмирување на обврските кои произлегуваат од потребата од обезбедување непречено и ефикасно функционирање на Јавното обвинителство. И во овој извештаен период дел од средствата беа наменети за професионално унапредување на јавните обвинители и вработените во јавнообвинителската служба, ангажирање на експерти, но и подмирување на трошоците во постапките“, велат од СЈО.

Дел од средствата, како што велат од СЈО се потрошени и за плати и надоместоци на јавните обвинители, плати и надоместоци на вработените во јавнообвинителската служба, средства за набавка на стоки и услуги, како и за одржување на просториите и опремата во СЈО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

До каде е предметот „Попис“ на СЈО во кој се води истрага против Ахмети и Груевски

Во СЈО за шест месеци имало три нови вработувања

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ахмети: Изборниот процес помина според очекуваните стандарди

Редакција

Премиерот Оливер Спасовски негативен и на второто тестирање на корона вирусот

Редакција

Грејната сезона продолжува поради влошените временски услови

Редакција