Премиерот Зоран Заев изутринава имал работен состанок со првите одговорни лица на институциите, кои имаат надлежност во врска со бегството на ексдиректорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков.
Заев, како што посочуваат од Владата, состанокот го свикал со цел директно и лично да се информира за сите аспекти на случувањата изминатите денови, за истрагата и за чекорите кои институциите ги преземаат.
-Премиерот стои цврсто на неговите јасни и јавно изнесени позиции дека сите надлежни институции, согласно своите надлежности имаат обврска да го лоцираат лицето Сашо Мијалков.
Премиерот порачува дека граѓаните очекуваат детално објаснување, дека институциите се должни да дадат јасни одговори на сите прашања за овој случај и дека не се можни компромиси со правдата и одговорноста, наведуваат од Владата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мијалков ги „закопа“ СДСМ и ДУИ: Без оставки во Владата ќе профитираат Левица и ВМРО-ДПМНЕ
(Аудио) Најпопуларната „бомба“ со бегалецот Мијалков
Алармантно: Мијалков е трет висок разузнавач во бегство
Фото: Влада