еМагазин
Свет

Рекордни 16 тони кокаин запленети на пристаништето во Хамбург

Германските царински службеници соопштија дека на пристаништето во Хамбург заплениле повеќе од 16 тони кокаин, сокриени во контејнери од Парагвај.

Ова е досега најголемата запленета пратка на овој вид дрога во Европа, јавуваат француските медиуми.

„Огромното количество кокаин можеше на црниот пазар да донесе заработка од неколку милијарди евра,“ се наведува во соопштението на царинската служба за дрогата што била запленета на 12 февруари.

Во врска со шверцот на кокаинот вчера во Холандија бил уапсен 28-годишен маж, се додава во соопштението на германската Царинска управа.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пентагон одобри средства за изградба на ѕидот на границата со Мексико

Редакција

Фотографија која го трогна светот: Доктор преку стакло се поздравува со синот

Редакција

По победата на Украина, Зеленски се надева дека следната година Евровизија ќе биде во Мариупол

Редакција