еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски позитивен на Ковид-19

Засега се чувствувам добро. Имам само повисока температура и болки во мускулите и чувствувам изнемоштеност, изјави прилепскиот градоначалник Илија Јованоски, кој синоќа го добил позитивниот тест на корона вирусот и е во домашна изолација.

Јованоски вели дека се посомневал дека може да ги има симптомите по покачената телесна температура.

„Имав температура од 37,2. Се посомневав на симптоми иако немав загубен вкус и мирис. Тестот покажа дека сум позитивен, најверојатно вирусот сум го добил по контакт со позитивен зашто изминатите денови имавме некои состаноци.

Сега температурата е 37,6, нема некои проблеми, примам терапија и сум во домашна атмосфера“, вели Јованоски.

Јованоски кој е и специјалист-ортопед по професија и кој во време на пикот на пандемијата во октомври и ноември минатата година волонтираше во приемниот оддел на инфективното одделение, апелира на почитување на заштитните мерки. Особено да нема собирања на младите и по кафулињата.

„Апелирам да се почитуваат сите заштитни мерки. Особено тоа да биде меѓу младите, да не се групираат, да не заседнуваат во кафулињата. Зголемениот број новозаразени во Прилеп е главно поради непочитувањето на мерките и новите бројки се последица, во голем дел, поради собирањата за празникот „Свети Трифун“.

Факт е дека новиот, „британски сој“ побрзо се шири и уште поголема опомена е да нема групирања и да се почитуваат мерките“, порачува Јованоски.

МИА/Фото: Фејсбук/Јованоски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И Јована си заминува со Тевдовски од Министерството за финансии

Редакција

(Мега галерија) Израелскиот амбасадор Орјан навистина скока и прави „стој на раце“ каде ќе стигне

Редакција

(Видео) Македонка евакуирана од Израел: Бевме давеници кои чекавме сламка за спас

Редакција