Серијата земјотреси чии епицентри беа во Грција денеска се почувствувани во земјава со интензитет од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала.
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје информира дека најсилниот земјотрес бил во 11:16 часот со Рихтерова магнитуда од 6,3 и е почувствуван на целата територија на земјава, особено на повисоките катови во зградите.
Епицентарот на земјотресите бил на 260 километри јужно од Скопје во соседна Грција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонка која живее во Лариса за МИА: Беше морничаво, тресе цело време по големиот земјотрес
Силен земјотрес од 6,3 степени ја погоди Централна Грција, а ударот се почувствува и на Балканот
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.