еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мијалков и Тачи со помали казни за „Титаник 2“, сите обвинети добија по две години затвор

Основниот кривичен суд ги прогласи за виновни и им изрече вкупна казна од 12 години затвор на обвинетите во повторената постапка за случајот „Титаник 2“, кој се однесува за изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година во Општина Струмица.

Судијата Огнен Ставрев, во името на граѓаните на Македонија, обвинетите ги прогласи за виновни, порачувајќи дека Судот е на мислење дека „никогаш и никаде не смее и не може неправото да биде над правото и правниот систем и никој поединец или група не смее да биде над правото, законите и Уставот на државата, во спротивно би се работело за т.н. заробена држава“.

– Суштината е дека обвинетите направиле директна повреда на изборниот процес, злоупотребувајќи ја демократијата и волјата на граѓаните во интерес на своите партиски интереси, со директна и умислена повреда на правните норми од Изборниот законик, изјави Ставрев.

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, за стореното кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“ судот го осуди на казна затвор во траење од две години, во која се пресметува и времето поминато во притвор.

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, за сторено кривично дело „повреда на избирачко право“ судот го осуди на казна затвор од две години.

На поранешните членови на Државната изборна комисија, Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев, судот за сторено кривично дело „повреда на избирачко право“, им изрече казна затвор од по две години.

Основниот кривичен суд во Скопје на 8 март 2019 година на обвинетите во случајот „Титаник 2“ им изрече вкупно 19 години и осум месеци казна затвор, но Апелациониот суд Скопје во ноември 2019 година, поради суштествени повреди на постапката, ја укина првостепената пресуда и случајот го врати на повторно одлучување. 

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 69 пациенти од корона вирусот, најмногу во Скопје и Штип

Редакција

“ДУИ глумат херои“: Твитер реакции за фиктивните оставки на министрите на ДУИ

Редакција

Од Ковид-19 починале 27 лица, најмладиот на 36-годишна возраст

Редакција