еМагазин
Image default
Македонија

За една недела 249 лица на возраст до 19 години заболеле со Ковид-19

Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 22 до 28 февруари покажуваат дека најмногу заболени од Ковид-19 во македонија има кај лица на возраст од над 60 години.

“Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи.

Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=911, 25,1%).

Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 (n=666; 18,4%), 40-49 (n=660; 18,2%), 50-59 (n=612; 16,9%) и 20-29 (n=530; 14,6%).

Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=61; 1,7%) и 10-19 години (n=188; 5,2%).

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 1.762 (48,5%) лица од женски и 1.866 (51,5%) од машки пол.

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 1.766 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, идентично во споредба со минатата недела“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Драстично зголемување од 56,4% на бројот на заболени од Ковид-19

4 лица биле на возраст од 30 до 49 години: За една недела 69 смртни случаи од Ковид-19

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поранешниот заменик министер Бојмацалиев заработи кривична оти спречил вработување на една од најдобрите студентки од Факултетот за безбедност

Редакција

Бизнисменот Амзовски се откажа од прогон на Боки 13 за случајот „Меѓународен сојуз„

Редакција

(Видео) Новинарите со протест им порачаа на политичартите „вака веќе неможе„

Редакција