еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Драстично зголемување од 56,4% на бројот на заболени од Ковид-19

Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 22 до 28 февруари покажуваат зголемување од 56,4% на бројот на заболени од Ковид-19 во Македонија.

„Тестирани се вкупно 20.161 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 27,2% во однос на минатата недела.

Регистрирани сe 3.628 нови позитивни случаи од 32 градови во државата со зголемување од 56,4% во однос на минатата недела.

Процентот на позитивност се движи од 12,0 до 21,7%, просечно 17,9%.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.675; 46,2%), со неделна инциденца – 271,2/100.000.

Највисока неделна инциденца од 681,1/100.000 е регистрирана во Неготино и Кавадарци (641,4/100.000)“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За една недела 249 лица на возраст до 19 години заболеле со Ковид-19

4 лица биле на возраст од 30 до 49 години: За една недела 69 смртни случаи од Ковид-19

фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Двајца мажи на возраст од 35 и 38 години починаа во штипскиот ковид-центар

Редакција

Пендаровски: Чест е да бидеш поддржан од претставници на сите етнички заедници, 31 партија, но и многу граѓани

Редакција

Мирослава Симоновска и Ирена Мулачка ја добија наградата за истражувачко новинарство на ЗНМ, за текстовите за Онкологија

Редакција