еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

(Фото) Нашата Ивана на модно шоу кај фантастичниот дизајнер Рик Овенс

После ревијата на Долче и Габана која се случи во Милано, вчера прекрасната Ивана Манас имаше ревија за американскиот моден дизајнер Рик Овенс во Венеција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ГАЛЕРИЈА) Македонскиот модел Ивана Манас учествуваше на ревија на Долче и Габана во Милано

Токму Овенс во една пост апокалиптична атмосфера на самиот брег покрај морето ја престави својата нова колекција есен – зима 21/22.

Нашата Ивана Манас имаше три аутфити за ова модно шоу. Како интересен податок врзан токму за овој дизајнер е дека има негова линија на мебел, која била инспирирана од архитектонски елементи на Брутализмот како и германските бункери од Втората светска војна.

Нашата убавица Манас е вратена во Милано и повторно од утре почнува со кастинзи и нови закажани проекти.

Од нејзината матична агенција Моделс Ин Менаџмент велат дека будно го следат секој нов ангажман и очекуваат наскоро да ја видат во Париз или Њујорк.

И посакуваме многу среќа и нека си го живее сонот со широко отворени очи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тетовчанка ја сподели личната битка со корона вирусот: Се плашев повеќе за другите, отколку за себе

Редакција

(Видео) Игор Џамбазов и Гуру Харе направија преработка на „Ако умрам ил загинам“ на Јонче Христовски

Редакција

Тимот на СЗО во Вухан ја почна истрагата за потеклото на коронавирусот

Редакција