еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Пандемијата со Ковид-19 може да трае уште 7 години, ако богатите земји не ги поделат вакцините

Здравствените експерти порачуваат дека пандемијата на коронавирусот нема да заврши уште неколку години доколку богатите земји не ги поделат своите вакцини со останатиот дел од светот.

Според Обединетите нации, до средината на февруари годинава вакцината ја примиле 191 милиони луѓе во светот, но повеќе од три четвртини се жители на само 10 земји.

Спротивно на тоа, во истиот период, во приближно 130 земји во светот каде што живеат вкупно околу две и пол милијарди луѓе, никој не е вакциниран – ниту една личност, пишува „Сајанс Алерт“ (ScienceAlert).

Експертот за јавно здравје и професор на Универзитетот Дјук, Гевин Јамеј е уште еден во низата загрижени научници и медицински професионалци кои ги повикуваат богатите држави да престанат да „ја трупаат“ вакцината против Ковид-19 само за своите граѓани.

Тој смета дека пандемијата може да трае уште седум години ако најбогатите земји во светот продолжат да ја акумулираат вакцината.

Според Јамеј, постојат различни начини со кои може да се гарантира еднаков пристап до вакцините против Ковид-19 за сите во светот.

Тој како пример го посочува склучувањето договори меѓу производителите и богатите земји што, како што вели, може да придонесе за проширување на глобалното снабдување и да овозможи производство на вакцини на друго место во светот.

Новата програма за глобален пристап до вакцините – Ковакс ја смета за добар пример преку која
вакцините стигнуваат и во сиромашните земји и земјите со среден приход низ целиот свет.

Таа има за цел да испорача најмалку две милијарди дози до крајот на 2021 година за да покрие 20 проценти од најранливите во 91 земја во светот, претежно во Африка, Азија и Латинска Америка.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се тие еден процент од граѓаните кои ќе бидат опфатени со прогресивниот данок

Редакција

Клиника „Жан Митрев“: Одговорните лица од болницата деновиве ја доставуваат бараната документација до инспекциските служби

Редакција

Убава вест: 916 оздравени пациенти од Ковид-19

Редакција