еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Граѓаните го чуваат од заборав обичајот „Мартинки“ – културно наследство на УНЕСКО

Традиционалната манифестација „Среќна Баба Марта 2021“ во мал обем и со соодветен протокол, се реализираше по осми пат помеѓу 26 февруари и 1 март во трговскиот центар „Капитол Мол“ во Скопје.

Организатор на настанот беше Центарот за научно истражување и промоција на културата „ХАЕМУС“, а манифестацијата претставуваше дел од активностите поврзани со традиционалниот украс мартинките како нематеријално светско културно наследство впишано на Репрезентативната листа на УНЕСКО.

Покрај музејска постановка со автентични амајлии од повеќе држави, настанот беше збогатен и со едукативни панели, продажна галерија со ракотворби и промоција на четири илустрирани читанки за деца за обичајот „Мартинки“ на македонски, англиски, албански и турски јазик, како и две боенки за деца на македонски и на англиски јазик.

– На традиционалната манифестација посветена на обичајот „Мартинки“, промовиравме шест печатени изданија за деца. Нивната реализација беше поддржана од Европската комисија и Советот на Европа, во рамките на „Приказните за европското културно наследство 2020“ кадешто проектот за „Денот на Баба Марта“ на „ХАЕМУС“ беше избран меѓу десетте најдобри европски приказни.

Она што нѐ радува како носители на обичајот „Мартинки“ во УНЕСКО е големата посетеност на настанот, високата свесност на луѓето за сопственото кулурното наследство и одговорноста што граѓаните сами ја имаат чувајќи ја од заборав оваа традиција – вели Василка Димитровска, директор на „ХАЕМУС“.

Традиционалната манифестација „Среќна Баба Марта 2021“ се реализираше со поддршка од Капитол Мол, Градот Скопје и приватни донатори, под мотото на УНЕСКО за Отворени Образовни Ресурси.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Наскоро 30 нови продолженија на популарниот детски серијал „Дајте музика“

Редакција

Започна Интерфуд 2019 во Софија, Витаминка еден од најголемите изложувачи

Редакција

(Фото) Епохални откритија во струшко Корошишта: Пронајден бронзен шлем, златни прстени и фолии…

Редакција