еМагазин
Свет

Италија, Шпанија, Франција и Германија ќе ја произведуваат руската вакцина Спутник V

Директорот на Рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитријев изјави денеска дека Русија склучила договори со фармацевтски погони во Италија, Шпанија, Франција и Германија за производство на вакцината Спутник V против Ковид-19.

Тој ја потврдил информацијата за руската државна телевизија Русија24, но одбил да соопшти повеќе детали.

Дмитријев ја дал изјавата откако бил потпишан договор со швајцарската фармацевтска компанија „Адиен Фарма & Биотек“ за производство на вакцината Спутник V во Италија.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од 1 октомври ковид-пасошот задолжителен и во Ватикан

Редакција

(Видео) Анонимуси хакираа руски телевизии, на Русите им пуштија снимки од руските воени дејствија во Украина

Редакција

Дански и шведски сеизмолози регистрирале силни експлозии во областите на истекување на Северен тек

Редакција