еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Дански и шведски сеизмолози регистрирале силни експлозии во областите на истекување на Северен тек

Дански и шведски сеизмолози регистрираа силни експлозии во областите на истекување на гасоводот Северен тек. Ова денеска го соопшти шведскиот национален сеизмолошки центар на Универзитетот во Успала за Шведската државна телевизија.

– Нема сомнеж дека станува збор за експлозии, изјави сеизмологот на центарот, Бјорн Лунд за телевизијата.

И сеизмограф на данскиот остров Борнхолм регистрира двојно зголемување на сеизмичката активност. Тоа се случило вчера, кога е забележан драстичен пад на притисокот на гасоводите Северен тек 1 и Северен те к 2, соопшти Геофизичкиот институт на Германија.

Сеизмографот отчитувал речиси целосна смиреност до 02:00 часот по локално време, кога одеднаш е регистрирано зголемување на сеизмичката активност што одговарало на земјотрес. Потоа селедел бран на постојано тресење. Истото се повторило во 17:00 часот.

Првото соопштение намалување на притисокот на Северен тек 2 е од вчера попладне. За Северен тек 1 беше објавено вчера вечер, веднаш по вториот извештај за зголемена сеизмичка активност.

Германскиот геофизички институт одби да коментира дали пријавените зголемувања на сеизмичката активност се поврзани со истекување на гасовод во областа.

Тие биле воочени во областа на островот Борнхолм, пренесе БТА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во шведските и дански води забележано истекување на гас од цевководите на Северен поток

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали: Кривична пријава против 10 прилепчани кои тепаа полицајци

Редакција

(ГАЛЕРИЈА) Протест за ослободување на осудените за „27 април“, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ дадоа поддршка

Редакција

Границите на Грција остануваат затворени за македонските државјани до 14 мај

Редакција