еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Во шведските и дански води забележано истекување на гас од цевководите на Северен поток

Кремљ е „навистина загрижен“ поради забележаните истекувања на гасоводите Северен поток еден и Северен поток два, оценувајќи дека не треба да биде исклучена ниту една претпоставка, вклучително и саботажа.

„Ние навистина сме загрижени поради вестите,“ изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

На прашањето дали е можно да се работи за саботажа, тој одговори дека не може да биде исклучена ниту една опција.

Шведските власти денеска соопштија дека се издадени предупредувања поради два случаја на истекување на гасоводот Северен поток еден во шведските и данските води, еден ден откако беше пријавено истекување од Северен поток два.

Во моментот и двата гасовода не се во функција, но во цевките има гас.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Да си ги решат меѓупартиските препукувања, вели Спасовски за инцидентот во Арачиново

Редакција

САД први на листата по бројот на заразени од корона вирусот

Редакција

Усвоен ребалансот на буџетот: Кој ќе добие помош од држвата?

Редакција