еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Фото) „Голф“ падна од мост во Вардар на патниот правец Желино-Тетово, не се знае состојбата со патниците

Преку бројот за итни повици 112 во 12:05 часот до Дежурниот оперативен центар на Центарот за управување со кризи (ЦУК) добиен е повик-пријава од Соообраќајната полиција од Тетово во која се наведува дека кола Голф 4 со кумановски регистерски таблици движејќи се на патниот правец с. Желино кон Тетово, паднала од мостот на реката Вардар во надојдените води на речното корито на река Вардар, информираат од ЦУК.

„Поради брзината, длабочината и заматеноста на водата, возилото во еден дел од речното корито е носено по течението, но за кратко време истото во природен јаз е пропаднато и визуелно не се гледало.

Во моментот не може да се одреди дали во возилото имало луѓе и каква е состојбата со истите. Оперативниот центар на ЦУК веднаш оставри комуникација и координација со МВР – СВР Тетово, ТППЕ Тетово, Брза помош Тетово и ДЗС.

МВР веднаш испратија нуркачки екипи од специјалната единица и тие се веќе на пат кон с.Желино, додека Дирекцијата за заштита и спасување праќа сопствени екипи за спасување од поплави кои се со седиште во Велес.

Во момент сме информирани дека возилото со помош и поддршка од градежни машини е извлечено надвор од длабоките води на речното корито и при првичен преглед визуелно внатре не се гледаат луѓе-патници.

Претпоставки се дека во возилото имало патници, но што се случува со истите ќе се утврди со истрага,“ велат од ЦУК.

Фото: ЦУК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

До Собранието поднесен предлог за разрешување на министрите Меџити и Алиу

Редакција

Интерконекторот за природен гас меѓу Грција и Бугарија значи енергетска безбедност за Европа, изјави Мицотакис

Редакција

(Галерија) И Заев собираше отпушоци: Министри, судии, пратеници, административци … собираа ѓубре низ Македонија

Редакција