еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Сите детали: Кривична пријава против 10 прилепчани кои тепаа полицајци

На 26.09.2020 ОВР Прилеп до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против 10 лица, и тоа: Е.Е.(28), Е.И.(30), Ф.Ќ.(37), С.А.(40), Ф.Ќ.(43), С.М.(57), Ѓ.А.(21), Р.В.(30), Е.В.(29), И.В.(52), сите од Прилеп, поради основано сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, казниво по член 383 став 3 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија, соопшти МВР.

Имено, на 24.09.2020 околу 20.00 часот, полициски службеници од Полициско одделение Чашка, додека вршеле службени дејствија на стариот пат Прилеп-Велес, сопреле за проверка три патнички моторни возила, без регистарски ознаки, при што едното возило избегало.

Останатите две возила биле натоварени со огревни букови дрва, кои од страна на полициските службеници биле одземени.

Притоа наишла поголема група граѓани, меѓу кои и десетте пријавени лица, кои почнале агресивно да се однесуваат и игнорирајќи ги усните наредби, со тврди предмети ги искршиле стаклата од полициското службено возило.

Првопријавениот со тврд предмет го нападнал полицискиот службеник Д.Ц., а потоа останатите пријавени ги нападнале неговите колеги, по што полициските службеници испукале неколку предупредувачки истрели во воздух и пријавените се повлекле.

Повредениот Д.Ц. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди, а четири полициски службеници се со телесни повреди. Десетте пријавени лица се приведени и предадени на обвинителството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петмина полицајци претепани од дрвокрадци, едниот со потешки повреди

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Еврозоната влезе во рецесија

Редакција

Сите детали: Се менуваат правилата за котација на Македонската берза

Редакција

Потребни сме ѝ на Искра Гашевска за да продолжи со лекувањето, борбата со канцерот трае

Редакција