еМагазин
Image default
Локално

„МВР урива рекорди“: За еден час 60 сообраќајни казни во Гостивар

Министерството за внатрешни работи во текот на денешниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Полициски службеници ги проверуваа возачите и возилата на поширокото гостиварско подрачје.

На територијата на градот и непосредната околина од утрово на повеќе пунктови се спроведуваа контроли за брзина, важност на регистрација, возачки дозвола, почитување на сообраќајни прописи.

Меѓу другото беа опоменувани и лицата кои самоволно извршиле пренаменување на сообраќајни површини и беа отстранети повеќе импровизирани тезги од тротоари.

„За едночасовниот пресек, утврдивме дека на ова подрачје, регистрирани се шеесетина прекршоци и изготвени се исто толку поднесоци. Тоа во извесна мера ги оправдува и нашите активности во делот на превенцијата. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, изјави помошник министерот за односи со јавноста Тони Ангеловски при неговата посета на колегите во Гостивар.

Од полицијата информираа дека од почетокот на акцијата за подигање на непрописно паркирани возила, од гостиварските улици со „пајак“ се подигнати шеесетина возила подигнати.

Во текот на последниве 24 часа изречени на 33 лица им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок неносење лична заштита (заштитна маска) заради спречување на ширење на заразната болест Ковид 19.

МИА/Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убиен маж и тешко повредена жена по семејна расправија во Кочани

Редакција

Тешко повреден кавадарчанец при експлозија на стовариште за отпад

Редакција

Приведени петмина полициски службеници од ГП Богородица, осомничени за земање мито

Редакција