еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Што предвидува законот: Какви се казните за непочитување на полицискиот час кој започнува од вечерва?

Лани на 22 март заради заштита од коронавируст беше воведен првиот полициски час во државата кој траеше од 21 часот до 6 часот наутро.

Тогаш Јавното обвинителство излезе со соопштение дека ќе одговараат со затвор до една година сите оние кои не го почитуваат полицискиот час, бидејќи ќе се смета дека шират зараза.

Граѓаните ќе бидат обвинети за кривично дело по член 206 од Кривичниот законик – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

„За ставот 1 од член 206, за кој е пропишана одговорност на физичко лице, предвидена е парична казна или затвор до една година, а во ставот 2, ако делото го стори правно лице, пропишана е парична казна до 30 милиони денари (околу 490.000 евра)“, информираше Јавно обвинителство.

Вечерва започнува полициски час кој ќе трае од 22 до 5 часот наутро, а предвидени се истите казни.

Мерката би траела до 22 март, а дали ќе има продолжување ќе зависи од епидемиолошката состојба која е влошена.

Вчера беа регистрирани 872 нови случаи, а од почетокот на епидемијата 108.350.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ланските дозволи за движење што ги издаваше МИОА ќе важат и за претстојниот полициски час

Сите детали: Кој и како ќе може да се движи за време на полицискиот час?

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вечерва концерт на „Фолтин“ во Јавна соба, во рамки на фестивалот „Светско, а наше“

Редакција

МВР со детали за давеникот во Охридско Езеро: Пијан влегол во вода со другарите, по што се удавил

Редакција

Во Националниот парк Маврово заловена втора женка рисица за оваа сезона

Редакција