Од 22 часот (11 март) до 05 часот (12 март) констатирано е дека 22 лица не ја почитувале забраната за движење. Од нив 11 се на територија на СВР Скопје.
Во текот на изминатото деноноќие пак (11/12.03.2021) на територијата на државата по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 525 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид-19.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.