еМагазин
Image default
Македонија

(Фото) Тимот на ИРЛ добитник на наградата „Никола Младенов“ за најдобра истражувачка сторија

Тимот новинари од редакцијата на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) ја добија наградата „Никола Младенов 2020“ за Најдобра истражувачка сторија за серијалот текстови на тема „Пандемско профитерство – другата страна на приказната за Ковид-19“.

Наградата за најдобра репортерска фотографија и е доделена на фоторепортерката Арбнора Мехмети за фотографијата на тема „Две патки поминуваат на пешачки премин во време на полициски час“ објавена во „Слободен печат“.

Наградата за најдобар иновативен новинарски производ е доделена на новинарот Александар Манасиев за мултимедијалната сторија „Тивките балкански убијци“ што ја обработува темата за влијанието на термоцентралите врз животната средина, објавена на Интернет платформата „Види вака“.

Наградите се доделуваат традиционално по дваесетти пат, како дел од заложбите на МИМ за  унапредување на професионалното новинарство и на демократските вредности во земјава.

МИА/Фото: МИА/МИМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починатиот маж од коронавирусот во Кавадарци е странски државјанин

Редакција

Спасовски не открива детали за истрагата за руската вмешаност во Македонија

Редакција

Дрин Ахмети на „тапет“ на Антикорупциска за дозволите за хидроцентралата

Редакција