еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

„Денови на Франција“ во Веро со автентични француски производи и специјални промоции

Врвно гастрономско доживување со автентични француски производи, како и славење на француската култура и стил на живеење се дел од понудата на „Денови на Франција“, кои Веро ги организира во своите маркети, информираат од таму.

Почнувајќи од денеска (25 мај) па сѐ до 8 јуни, посетителите на Веро маркетите ќе уживаат во промоцијата на една од најценетите светски кујни од која произлегле бројни препознатливи специјалитети и која според специфичните начини за приготвување на храната е вистинска инспирација за останатите кујни во светот.

Веро во следниот период нуди специјални цени и промоции на автентични производи од Франција, свежи француски печива, рафинирани сирења, врвни вина и шампањ, софистицирани десерти, но и на квалитетни препарати за нега и козметика за целосно доловување на парискиот стилски шик.

– Првата асоцијација на Франција секогаш ни е добрата храна и прекрасното вино, проследени со убава музика и хедонистички пристап кон животот. „Деновите на Франција“ ги организираме со цел на потрошувачите да им ја доближиме културата на оваа земја, опуштениот стил на живот и врвното гастрономско уживање.

Затоа и креиравме специјални понуди и промоции за големо задоволство на нашите потрошувачи. Во следниот период планираме да организираме уште неколку вакви настани преку кои ќе ги претставиме културите и на други земји и ќе им овозможиме потрошувачите да уживаат во нивните кујни и автентични производи, велат од менаџментот на Веро.

Двонеделниот настан „Денови на Франција“ во Веро е поддржан од Францускиот институт во Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонскиот филм „Скаут“ селектиран на престижниот фестивал „Л.А. Шортс“ во САД

Редакција

Македонски возач на камион е вистински херој во Србија

Редакција

(ВИДЕО) Градоначалничката на Битола со стој на глава отвори училишна сала

Редакција