На престојното Собрание на акционери на ТТК Банка АД Скопје ќе се разгледа и Предлог – Одлуката за определување на износот на дивидендата и датуми на исплата на дивиденда за 2020 година, информираат од Банката преку Македонската берза.
Предложената дивиденда е во бруто-износ од 81.709.920 денари.
“Висината на бруто-дивиденда по акција ќе изнесува 90 денари, односно 9,00 % од номиналната вредност на акциите која изнесува 1.000 денари“, велат од Банката, од каде напоменуваат дека исплаќање на дивиденда ќе има кога за Банката ќе престане да важи ограничувањето на распределбата и исплатата на дивиденда од страна на Народната банка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Акционери на Комерцијална банка контра Народна банка: Од Уставен суд си ги бараат дивидендите
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.