Од денеска почнуваат Велигденските пости, кои се практикуваат по повод големиот христијански празник Велигден, кој оваа година се празнува на 2 мај.
Велигденските пости се најдолги, и најстроги и траат седум недели.
Освен воздржување од јадење, верниците треба да се воздржат и од лоши помисли, дела, да имаат контрола на мислите и да им простат на оние што им згрешиле, бидејќи и самите бараат прошка од Бога.
Во текот на постот верниците исто така е важно да се исповедаат кај својот духовник, но и искрено да се покајат за грешките.
Фото: МИА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.