еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Што доживеавме, ЕУ да не дискриминира за вакцини

Просто неверојатно звучи информацијата дека т.н. ковид-пасош за слободно движење низ Европската Унија (ЕУ), кој станува реалност, ќе важи само за вакцините кои ги одобрила Европската комисија за лекови (ЕМА), а не и за руските или кинеските, иако истите се покажаа ефикасни и моментално низ светот се барани на големо, а истите се користат и ќе се произведуваат и во ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Европските „ковид-пасоши“ ќе важат само за вакцините кои ги одобрила Европската комисија за лекови

За овој предлогот во Унијата ќе расправаат на 17 март, а во меѓувреме не стивнуваат реакциите дека вакво нешто доаѓа од ЕУ, во која секојдневно и самите членки се обвинуваат за нефер распределба на вакцините против Ковид-19, но и за тајни договори за набавка.

Во време кога се „води војна“ за вакцини и спас на човечки животи, ЕУ освен што себично „собра“ поголем дел од вакцините кои се на располагање, пред светот прикажа и нефункционалност, неединство, а сега и директна дискриминација не само за граѓаните надвор од ЕУ, туку и за сопствените.

Да не заборавиме дека на почетокот на пандемијата прво Италија, а потоа и Шпанија беа оставени сами на себе во „кошмарот“ што ги снајде, па можеби и држи тезата дека уште еден вирус како Ковид-19 ќе значи и „крај“ на Унијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вакцинација, негативен ПЦР тест или антитела – основните елементи нa „Дигиталниот зелен сертификат“ за движење низ ЕУ

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тепаниот во Македонија не е бугарски државјанин, туку еден од напаѓачите, вели бугарскиот пратеник Лорер

Редакција

„Винербергер“ од Виница 120 свои вработени ги направи акционери: Уникатна новогодишна честитка

Редакција

Каракачанов: Не водиме инает, не можеме да правиме компромис за бугарската историја

Редакција