еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Тепаниот во Македонија не е бугарски државјанин, туку еден од напаѓачите, вели бугарскиот пратеник Лорер

Даниел Лорер, бугарскиот пратеник од партијата “Продолжуваме со промените“ на Кирил Петков, и поранешен министер за иновации, во интервју за бугарската Нова ТВ изјави дека случајот со Христијан Пендиков, секретарот на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ се политизира и меѓудругото вели дека тој не е бугарски државјанин, туку еден од напаѓачите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пендиков аплицирал за бугарски пасош на крајот на декември, откри бугарскиот амбасадор Ангелов

„Господинот кој беше нападнат во Македонија не е бугарски државјанин. Тој се дефинира себе си како личност со бугарска самосвест. Бугарија пред сè мора да ги заштити своите граѓани. Меѓутоа, еден од оние што го нападнаа е бугарски државјанин. Зошто да не зборуваме за него? Што правиме во врска со него?“, рече Лорер.

Тој смета дека македонските власти во случајот реагирале многу брзо и додава дека тоа што Бугарија сега треба да го направи е да им остави доволно време на македонските институции да утврдат дали станува збор за злосторство од омраза или не.

“Нашата позиција е тензиите да се намалат за да може да почне да работи дипломатијата. Ние треба да им дадеме време на македонските институции да откријат дали навистина станува збор за случај на омраза, што е апсолутно недозволиво и тогаш ЕУ треба да ја одигра својата улога или не.

Тоа е нешто коешто треба да го утврдат македонските институции и треба да им го дадеме неопходното време“, вели тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) Како Христијан Пендиков од Македонец стана Бугарин

Се уште не било безбедно Пендиков да се врати во Македонија, вели бугарскиот министер Милков

Фото: Лорер/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Затвор и конфискација на имотот на Мијалков за случајот „Трезор“ побара Обвинителството

Редакција

Поскапува Екстра лесното масло за домаќинствата, цените на бензините и дизелот остануваат исти

Редакција

Сијарто до Димитров: Барањето на Груевски за азил е правно, а не политичко прашање

Редакција