еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бугарскиот амбасадор во Македонија, Ангелов се враќа на своите дипломатски должности во Скопје

Бугарскиот амбасадор во земјава, Ангел Ангелов им се враќа на своите дипломатски должности во Македонија во полн капацитет, откако минатата среда беше повлечен во Софија, потврдија од Министерството за надворешни работи за МИА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Милков: Амбасадорот Ангелов ќе се врати во Скопје кога ќе има соодветни услови за тоа

Бугарија го повлече амбасадорот Ангелов и се закани со стопирање на меѓувладините проекти

По седницата на Комисијата за надворешна политика во бугарскиот Парламент на 25 јануари, техничкиот министер за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков, најави дека нивниот амбасадор, Ангел Ангелов ќе биде повлечен од Скопје и ќе остане во Софија се додека, како што рече, не биде регистриран напредок во однос на третманот на македонските граѓани со бугарска самосвест во нашата држава.

Од бугарското МНР тогаш информираа дека „целта на консултациите е да се разговара за можностите за запирање на опасниот тренд на зголемен притисок врз граѓаните на Република Северна Македонија со бугарска самосвест и за изгледите за понатамошен развој на билатералните односи“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МНР: Повлекувањето на амбасадорот на Бугарија е неоснован чекор

Од македонското МНР еден ден подоцна излегоа со реакција дека со внимание ги следат изјавите и активностите кои доаѓаат од Република Бугарија и со жалење констатираа дека последните активности на официјална Софија, не се во согласност со договорената практика за унапредување на меѓусебните односи и напротив, тие претставуваат потклекнување кон провокациите на оние кои сакаат да ги нарушат напорите на двете Влади за стабилен и позитивен развој на односите меѓу двете земји.

Инаку, откако премиерот Димитар Ковачевски во петокот со својот бугарски колега Галаб Донев во телефонски разговор се заложија за мирно и безбедно чествување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев на 4 февруари, денеска во посета на земјава беше бугарскиот министер за внатрешни работи Иван Демерџиев, кој со својот македоснки колега Оливер Спасовски по нивната заедничка средба, порачаа дека нема да се дозволи никаков инцидент на одбележувањето на раѓањето на Гоце Делчев, што треба да се одржи в сабота, и оти во тој правец македонската полиција ги презема сите потребни мерки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Нема да се дозволи никаков инцидент на чествувањето на Гоце Делчев, уверуваат Спасовски и неговиот бугарски колега

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерот Сали до Пановски, Даниловски и Марковски: Не е период за молење, сега е време на засукување ракави

Редакција

Извршители „во напад“ на фирмите на Цветан Панделески

Редакција

Кој е Марко Колев, новиот градоначалник на Велес

Редакција