еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

МНР: Повлекувањето на амбасадорот на Бугарија е неоснован чекор

Министерството за надворешни работи смета дека последните активности на официјална Софија не се во согласност со договорената практика за унапредување на меѓусебните односи.

Повлекувањето на бугарскиот амбасадор од земјава, според МНР, е неоснован и непоткрепен чекор со валидни аргументи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија го повлече амбасадорот Ангелов и се закани со стопирање на меѓувладините проекти

„Министерството за надворешни вработи со внимание ги следи изјавите и активностите кои доаѓаат од Република Бугарија и со жалење констатира дека последните активности на официјална Софија, не се во согласност со договорената практика за унапредување на меѓусебните односи; напротив, тие претставуваат потклекнување кон провокациите на оние кои сакаат да ги нарушат напорите на двете Влади за стабилен и позитивен развој на односите меѓу двете земји,“ се вели во соопштението од МНР.

МНР посочува дека повлекувањето на амбасадор на консултација во матичната држава е право на земјата испраќач и е редовна дипломатска пракса, но констатира дека ваквиот чекор на бугарската страна е неоснован, непоткрепен со валидни аргументи и непропорционален.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) Како Христијан Пендиков од Македонец стана Бугарин

„Република Северна Македонија покажа силен демократски и институционален капацитет и низ брза и ефикасна постапка го стави последниот инцидент низ правосудните процеси, откривајќи ги и приведувајќи сторител на кривичното дело, против кого активно се водат истражни дејствија.

Дополнително, преку своите изјави на највисоко ниво, претседателот на државата, премиерот на Владата и министерот за надворешни работи го осудија инцидентот, а министерот дополнително оствари итна посета на Софија, вклучувајќи посета и на повредениот со цел јасно да ја демонстрира одлучноста на државните органи во обезбедување правна сигурност, безбедност и одржлив јавен ред,“ велат од МНР.

Во периодот што следи, од МНР очекуваат смирување на страстите и отстранување на провокациите со цел повторно враќање на дипломатските активности, приоритетите кон заедничките проекти, работните групи итн..

„Во периодот што следи остануваме внимателно да ги следиме сите изјави и постапки на официјална Софија, очекувајќи смирување на страстите и отстранување на провокациите, со цел повторно враќање на дипломатските активности, на приоритетите кон заедничките проекти, работните групи итн., кои се во насока на зачувување и унапредување на добрососедските односи,“ се наведува во соопштението од МНР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Борисов се сретна со мајката на Пендиков и се закани дека Македонија ќе го доживее бугарскиот гнев ако не се казнат виновниците

Пендиков неколку пати ја менувал изјавата, објави СДК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полицијата приведе пет лица и обезбеди возило како трага за исчезнувањето на Вања Ѓорчевска

Редакција

Несреќа на автопатот кај Лесковац, повредени двајца македонски државјани

Редакција

Казнети 425 лица за неносење маска 

Редакција