еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Се уште не било безбедно Пендиков да се врати во Македонија, вели бугарскиот министер Милков

Сакаме да бидат заштитени правата на Бугарите таму. Се стремиме кон таква деескалација која ќе донесе подобра заштита на правата на Бугарите. Очекуваме конкретни чекори, а најважниот конкретен чекор, се разбира, е внесувањето на Бугарите во Уставот, изјави техничкиот министер за надворешни работи Николај Милков во интервју за БТВ.

– Ние сме спремни за деескалација во односите под одредени услови. Враќање на ситуацијата од пред десет дена не нѐ задоволува. Конкретно бараме заштита на правата на Бугарите таму – ако тоа не се постигне, бетонирање на репресијата, вели Милков.

Во интервјуто, Милков информира дека Христијан Пендиков, секретарот на бугарскиот клуб во Охрид ќе остане во Бугарија се додека не биде безбедно да се врати назад.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пендиков аплицирал за бугарски пасош на крајот на декември, откри бугарскиот амбасадор Ангелов

(Галерија) Како Христијан Пендиков од Македонец стана Бугарин

– Лошото е што имаме дилема пред којашто се поставени многу луѓе во Северна Македонија – ќе треба да бидат замолчени и да не се занимаваат со својата дејност како членови на бугарските клубови или да бидат прогонети и да дојдат да живеат во Бугарија. Тоа е сериозен проблем.

Наместо да се бараат напаѓачите, во полиција се испрашуваат активистите од клубовите и не знаат дали се повикани како обвинети или како сведоци на тоа што се случило во клубот, вели Милков.

За говорите на европратеникот Ангел Џамбаски и пратеникот во бугарското Собрание, Костадин Костадинов во Скопје, Милков вели дека не може да коментира бидејќи не бил таму.

– Не можеме да поддржиме такви изјави, затоа што не само што не водат до добрососедски односи, туку ги зголемуваат тензиите во Северна Маакедонија кои се рефлектираат врз правата на Бугарите и повторно одиме во круг, вели Милков.

Во интервјуто тој потврдува дека денеска во земјава ќе дојде техничкиот министер за внатрешни работи Иван Демерџиев и директорот на ДАНС, Пламен Тончев и дека ќе се разговара за конкретните чекори што треба да се преземат по повод чествувањето на роденденот на Гоце Делчев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Борисов да ги праша Радев, Костадинов и Џамбаски за руското влијание за Пендиков во Македонија

Го сфатија ли сценариото со Пендиков во ЕУ?

МИА/Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 375 случаи на Ковид-19 од 2.744 тестирања

Редакција

Во Избирачкиот список се запишани 1,8 милион граѓани, увидот во него ќе трае до до 23 август

Редакција

Три нафтени компании се обиделе со лажни фактури да го оштетат буџетот за околу 3 милиони евра

Редакција