еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Борисов да ги праша Радев, Костадинов и Џамбаски за руското влијание за Пендиков во Македонија

Откако македонските власти отворено посочија дека има руско влијание во случајот со инцидентот со Христијан Пендиков, секретарот на т.н. бугарски културен клуб “Цар Борис Трети“, кој носи име на докажан соработник на нацистите, и поранешниот премиер на Бугарија и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов го виде истото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Борисов виде руско влијание во Македонија за случајот со Пендиков

(Видео) Борисов се сретна со мајката на Пендиков и се закани дека Македонија ќе го доживее бугарскиот гнев ако не се казнат виновниците

„Овде гледам обид за враќање на Северна Македонија под руско влијание, намерно, и тоа се прави многу активно. Во никој случај не треба да бидете заведени“, рече меѓудругото Борисов на прес-конференција, пред неколку дена, порачувајќи и дека за Бугарија би било најдобро Македонија да е дел од ЕУ.

Ако за Бугарија е тоа најдобро зошто додека беше премиер почна трендот на фрлање на отровни стрели кон Македонија и нејзино намерно одалечување од Европската Унија. Да не го заборавиме и првото вето, кое сигурно нема да биде последно.

Во негово време се донесе првата декларација за Македонија, во која меѓудругото не се признава македонскиот јазик и се тврди дека до 1945 година немало Македонци во Македонија. За истата гласаа сите тамошни политички партии.

Додека тој беше премиер министерката за надворешни работи Екатерина Захариева, од неговата партија, постојано ја навредуваше Македонија и македонскиот народ (и уште го прави тоа), а да не спомнуваме што се правеше неговиот коалициоен партнер Красимир Каракачанов.

А за руското влијание во Македонија да го праша неговиот претседател Румен Радев, кој уште на почетокот на војната во Украина, посочи дека анекстираната украинска територија Крим е руска и за цело време не ни крие дека е на страната на Владимир Путин.

Може да го праша и лидерот на отворено проруската партија, Преродба, Костадин Костадинов, кој го кажува истото за Македонија и македонскиот народ, како и Захариева и Каракачанов, само нијанси во речникот се во прашање.

Или да го праша бугарскиот европратеник од партијата на Каракачанов, Ангел Џамбаски.

Да не се прави Германенец, оти не е, а ниту ќе биде, зад сценариото со отварање на т.н. бугарски културни клубови во Македонија, од кои досега не видовме никаква култура, туку само провокации и ширење омраза кон македонскиот народ или зад најновото сценарио со Пендиков стојат речиси сите политички фактори во Бугарија.

А колку во тоа им помага Русија треба наместо политичарите во Бугарија, да се позанимаваат НАТО или ЕУ, ако се посериозни од бугарските политичари, како што се преставуваат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Го сфатија ли сценариото со Пендиков во ЕУ?

Пендиков аплицирал за бугарски пасош на крајот на декември, откри бугарскиот амбасадор Ангелов

(Галерија) Како Христијан Пендиков од Македонец стана Бугарин

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Mакедонските атлетичари Ивановски, Стојоски, Трајковски и Поп Арсова со импресивни резултати на европски и балкански натпревари

Редакција

Штрајкот на Синдикат на контролори на летање во мирување додека не се разрешат директорите на М-НАВ

Редакција

Олимпијадата во Токио одложена за 2021 година

Редакција