еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

Данска по трет пат светски првак во ракомет

Репрезентацијата на Данска го освои шампионскиот трофеј на Светското првенство 2023 откако синоќа во финалето ја победи Франција со 34:29.

Данска стана првата репрезентација со три освоени титули во низа.

Финалето во Стокхолм одлично го судеа Македонците Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Голема чест: Македонската судиска двојка Начевски и Николов ќе го суди финалето на Светското првенство во ракомет

Претходно во малото финале на Мундијалот во Полска и Шведска, селекцијата на Шпанија забележа победа над домаќинот Шведска со 39:36.

Во меч за 5. место Германија ја совлада Норвешка со 28:24, додека Египет по продолженија ја совлада Унгарија со 36:35 во натпреварот за 7. место.

На 28. Мундијал учествуваше и македонската ракометна репрезентација, која на крајот заврши на 27. место.

МИА/Фото: International Handball Federation – IHF/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ДИК: 496.774 граѓани или 35,13 отсто гласале до 17 часот

Редакција

(Галерија) Првите вакцини против Ковид-19 складирани во фрижидер

Редакција

Кичевецот е негативен на тестот за мајмунски сипаници

Редакција